• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се одржа јубилејниот 10-ти Републички натпревар во табла за лицата со телесен инвалидитет

Никола Марачков од Гевгелија, Сулејман Дестани од Струга и Ванчо Каранфилов од Скопје се освојувачи на првите три места на 10-тиот јубилеен Републички натпревар во табла што го организира Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар за членовите на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“.  На турнирот учествува 32-ца натпреварувачи од 10 здруженија.

09/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Никола Марачков од Гевгелија, Сулејман Дестани од Струга и Ванчо Каранфилов од Скопје се освојувачи на првите три места на 10-тиот јубилеен Републички натпревар во табла што го организира Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар за членовите на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“.  На турнирот учествува 32-ца натпреварувачи од 10 здруженија.

Турнирот и средбата беа можност лицата од здружението и Националниот сојуз да се сретнат со претставници на општините и државните инститиуции со цел да се продискутира за потребите на лицата со инвалидитетност.

-Во текот на 2019 има нови референтни цени за ортопедски помагала за ампутации над колена и протези, но тоа е потребно да биде и за инвалидските колички. Нашите потреби се стара болка. Законот за правата на инвалидни лица во 2011 е ратификуван и потпишан Собранието и треба да се имплементира. Почнува да се работи, оди споро ама се работи на нешто. Не е е идеално, тешко ние нас со инвадлиски колички и ортопедски помагала но и за други лица со потешкотии во движењето, но се надевам дека свеста се развива и дека тоа ќе се подобри, изјави Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар.

-Републичкиот натпревар во табла е еден од настаните каде лицата со телесен инвалидите ја покажувааат социјалната инклузија и можноста преку натпреварувачки активности да станат дел од општеството онаму во принцип каде не можеме да бидеме еднакви со сите други. Можност исто така да се разменат информации со луѓето од институциите за нашите потреби и подобрување на правата и можностите на лицата со инвалидитет, рече Бранимир Јовановски, претседател на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“.

Пред присутните зборуваа и претставници на опшините Тетово и Брвеница и на Собранието.

-Добра прилика да се запознаеме со потребите, ние како носители на јавни функции да се залагаме да се подобат условите во институции на нашите сограѓаните сите свои обврски да ги обавуваат непречено, рече Енвер Пајазити, градоначалник на општина Брвеница

-Од неодамна во зградата на општина Тетово има лифт со кој лицата со инвалидски колички ќе може да влезат во објектот и да одат до инстуциите. Но тоа не е доволно се обидуваме сите институции, школи и градинки да имаат соодветен пристап, рече Ахмед Ќазими, раководител на Сектор за јавни дејности во општина Тетово.

-Ќе го поддржиме законот за градење со цел да се олесни пристапот на лицата со инвалидитет. Во иднина се надевам на поголема соработка со цел сите луѓе да се почувствуваат еднакви и дека се дел од оваа држава, изјави Татјана Лалчевска, пратеник во Собранието.

Здружението Мобилност Тетово-Гостивар со тројца членови од 15 до 17 ноември во Банско, општина Струмица ќе учествува на Републички квиз за лицата со инвалидитет, додека со две натпреварувачки ќе учествуваат на Тортијада. На 4-ти декември ќе се одбележи и Денот на лицата со инвалидитет.

 

Тагови: Гостиварлица со телесен ивалидитет.мобилностТетово

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Планинарскиот клуб „Љуботен“ утре ја организира изложбата "85 години Попова Шапка"

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.