• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се уредува патот до месноста „Пештер“ кај Јегуновце

01/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Јегуновце информира дека е започнато уредување на патот што води од село Јегуновце кон месноста Пештер.  Со механизацијата на општинското јавно претпријатие „Јегуновце се расчистува градежниот шут и останат отпад долж патот, со што се создадени можности за негово проширување.

-Со помош на механизација патот кон „Пештер“ во понатамошна фаза ќе се прошири. Тоа е со цел непречено движење кон месноста „Пештер“ што од година во година претставува атрактивна туристичка атракција за општина Јегуновце. Упатувам апел до локалното население за поголема грижа и да не дозволиме да го загадуваме просторот кон „Пештер“, туку да придонесеме да ја заштитиме природата и туристичките места во општина Јегуновце, порача градоначалникот Димитар Костадиноски.

Месноста Пештер го добила името поради огромната вдлабнатина во карпестиот дел од планината Жеден која личи на пештера, долга и широка околу триесетина метри.

месност Пештер, извор ФБ страница Св. Ѓорѓија Победоносец - Пештер
месност Пештер, извор ФБ страница Св. Ѓорѓија Победоносец – Пештер

Воедно претставува археолошки локалитет т.е. некропола од доцниот среден  век во тетовското село Јегуновце. Таму се наоѓа и новата црква Свети великомаченик Георгиј Победонесец , почната со градба во јули 2004 година, а осветена во јули 2019 година.

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Следна објава

Во февруари вкупно 17 починати меѓу хоспитализираните во КОВИД центарот во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.