• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Се чистеше каналот за довод на вода до Вратничко езеро

Иницијативата е покрената поради лошата состојба на езерото и опасноста од негово исчезнување поради немање дотур на вода, информираат од тамошната месна заедница. Се работи за вештачко езеро кое со вода од се снабдува од Вратничка река преку канал долг 5 километри

22/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Жителите на тетовското село Вратница деновите од викендот ги искористија за работна акција за чистење на каналот за довод на вода во Вратничко езеро-Голина. Иницијативата е покрената поради лошата состојба на езерото и опасноста од негово исчезнување поради немање дотур на вода, информираат од тамошната месна заедница. Се работи за вештачко езеро кое со вода од се снабдува од Вратничка река преку канал долг 5 километри.

-Зимскиот период каналот беше оштетен од ерозија на земја во горниот тек и со големи напори на жителите на Вратница беше оспособен и исчистен со цел летото непречено да се наводнуваат земјоделските површини. Сега, кога сезоната за наводнување е завршена, конечно се создадени услови водата преку каналот да се донесе до езерото и со довод на вода есенва и во дел од зимата, колку тоа ќе дозволат временските услови да се наполни езерото. Со оглед на тоа дека каналот не беше во употреба подолг период, неопходно беше да се организира негово чистење по цела должина, објаснуваат од месната заедница.

Тие потенцираат дека покрај ова, постоењето и опстанокот на ова езеро е и една од причините што Вратничани не дозволуваат изградба на мали хидроцентрали на Вратничка река.

-Со ставање на водата во цевки по целата нејзина должина, каналот за наводнување и за довод на вода до езерото практично останува без вода, а со тоа за кратко време ќе изумре и Вратничко Поле и Вратничко Езеро. За таа цел, уште еднаш апелираме до надлежните институции да го стават ад акта проектот за изградба на мали централи на Вратнича Река и искрено се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и поддршка од сите релевантни фактори во Македонија, истакнуваат од месната заедница.

Тагови: водавратничко езеродоводчистење канал

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава

Тетекс и Љуботен ги одиграа првите натпревари во рамки на Третата фудбалска лига-запад

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!