Вчера (29 септември) во 16 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „105“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот А.А.од скопско Бојане, удрило во малолетен пешак од Тетово. Повредениот пешак пренесен е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, соопшти СВР Тетово.
Вчера (29 септември) полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Н.(50) од Тетово, затоа што околу 17 часот и 30 минути физички го нападнал А.А.(69) од Тетово и ја навредувал ќерката на А.А., инаку негова сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира СВР Тетово.
….