• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Снегот добредојден за зголемена издашност на изворите со вода на Шар Планина

Во моментот градот има доток на вода од 350 литри во секунда што е добро за овој период. Во текот на април ќе достигне и до 500 литри во секунда, колку што максимално покажува нашиот систем капацитет на вода, вели Шаќири.

03/04/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Снегот што изненадувачки падна пред два дена е добредојден за тетовскиот водоводен систем со оглед дека значително ќе ја зголеми издашноста на изворите, велат од работната единица „Водовод и канализација“ при Јавното Комунално Претијатие (ЈКП) „Тетово“.

Според раководителот на водотехничката лабораторија Љуљзим Шаќири практиката покажува дека секој снег што го има на повисоките предели на Шар Планина резултатира со зголемување на издашноста на изворите со вода кои се наоѓаат на тие места.

-Дополнителните врнежи од снег уште повеќе ќе придонесат за вода во изворите и подземните канали. Во моментот градот има доток на вода од 350 литри во секунда што е добро за овој период. Во текот на април ќе достигне и до 500 литри во секунда, колку што максимално покажува нашиот систем капацитет на вода, вели Шаќири.

Сепак тој потсетува дека нерационалното трошење како и старата градска дистрибутивна мрежа придонесуваат за губење на големи количини од водата.

-Град како Тетово кој има околу 90-тина илјади жители и уште околу 20 илјади кои доаѓаат па се користи водата може да има доволно вода доколку се намалат ефектите од нерационалното трошење, кое негативно придонесува со 70 отсто и ако има посовремена градска мрежа. Таков пример е Корча во Албанија, каде со отприлика 200 литри вода во секунда се опслужува целото население со слична бројка.  Ние постојано работиме на менување на старата мрежа каде се јавуваат дефекти, а наоѓаме цевки стари и стотина години. Во Корча наеднаш беше заменета цела мрежа, објаснува Шаќири.

Од „Водовод и канализација“  потенцираат дека секојдневно се работи на остранување на некој дефект во водоводната мрежа. Денес таква интервенција имаше на улицата Струшка, поради што има времен прекин во снабдувањето со вода.

А.С

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Почина 68 годишник од Тетовско на Клиниката за инфективни болести, нови двајца заболени од коронавирус

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!