• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 2 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

„Снежен град“ на Попова Шапка во битка со топлото време

Организаторот Детски Културен Центар „Карпош“ од Скопје имаше повикано 60-тина ученици на годинешната 44-та по ред манифестација „Снежен град“.

21/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Манифестацијата „Снежен град“ на Попова Шапка овие пет дена измина во битка на учесниците-ученици од основно училишта со временските услови, односно топлото време кое за некоку часа ги топеше направените снежни фигури. Организаторот Детски Културен Центар „Карпош“ од Скопје имаше повикано 60-тина ученици на годинешната 44-та по ред манифестација „Снежен град“.

-Иако сонцето го топеше снегот за неколку часа, децата беа упорни и ги правеа фигурите. Малку заврна снег, но го дуваше и ветер. Се работеше од кај 9.30 па до 12.30 секој ден. Успеавме да направиме пингвин, Снежана и седумте џуџиња, тврдина, „оган“ во снегот, порта и коњ. Секако и најчестата фигура-игло, односно повеќе иглоа кои се обидоа децата да ги поврзат со тунели да влегуваат и да поминуваат поминувааат низ нив, изјави Стојан Христов, организатор на програма во ДКЦ „Карпош“.

Тој потенцира дека и покрај тоа што на крајниот ден сите фигури не успеале да го издржат топлото време, целта на манифестацијата е постигната.

-Иако траеја по еден или два дена, снежни фигури имаше, а најважно беше да се прикаже креативноста кај децата како и да се навиканат на едно колективното дружење. Имавме ситуации на кои наидуваме, дел од ученциите градители да се деца на луѓе кои во детството биле дел од Снежниот град па продолжиле да другаруваат, изјави Христов.

Во попладневните часови учениците имале разни активности од забавно -рекреативен карактер: избор на Снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг , билијард, шах, Училишна квизотека, пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски, забава, танцување и дискотека.

А.С

Тагови: дкц карпошснежен град

Поврзани објави

Вести

СВР Тетово: Приведени крадци во тетовско, фатени на дело

02/12/2023
Вести

Возило удрило во мече, кое било повредено но продолжило да се движи

01/12/2023
Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Следна објава

Долж автопатот Скопје-Тетово-Гостивар повеќе активности за подобрување на инфраструктурата

Tetovo, MK
сабота, декември 2, 2023
scattered clouds
14 ° c
50%
9.78mh
30%
14 c 2 c
нед
6 c 1 c
пон
7 c 3 c
вто
7 c 6 c
сре

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!