• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Соборната тетовска црква Свети Кирил и Методиј го празнуваше патрониот празник

Света божествена архиерејска литургија беше чиноначалствувана од митрополитот тетовско- гостиварски г. Јосиф.

24/05/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во соборната црква Свети Кирил и Методиј во Тетово денес се одбележа патрониот празник, посветен на солунските браќa и македонски просветители. Света божествена архиерејска литургија беше чиноначалствувана од митрополитот тетовско- гостиварски г. Јосиф.

-Во оваа петта недела по Христовото Воскресение го славиме сечесниот спомен на големите македонски и сесловенски просветители, учители солунските браќа рамноапостолите Свети Кирил и Методиј и на тој начин достоинствено го славиме овој црконо –државен празник како и храмовата слава подигнат во чест на денешните наши светители кои со своето рамноапостолско дело и со својата проповед ги евангелизирале словенските народи, истакна владиката во празничната беседа.

Тој истакна дека примерот на светите браќа Кирил и Методиј е значаен за духовното просветлување на современиот човек.

-Живееме во свет каде по налетот на светските искушенија, се оттуѓуваме од ближните но и од духовниот дом , од Светата црква. Во време на духовно слепило околу нас ние верните сме тие кои сме повикани по примерот на светите браќа Кирил и Методиј да се бориме против злото и суетатата на светот продолжувајќи го нивното спасоносно дело на верата кое ни го оставиле нам и на сите христијани во наследство, рече митрополитот г. Јосиф.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Муслиманите го празнуваат Рамазан Бајрам

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!