• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Собраниска комисија одби амандман за асфалтирање на патот до село Луковица

02/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пратеникот Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ од Тетово информира дека собраниската комисија за финансирање и буџет денеска не прифати амандман со кој група пратеници бараат директно од буџетот да се одвојат средства за асфалтирање на патот до село Луковица.

Мештаните од Луковица во 2020 година самите собраа и платија речиси шест илјади евра за проектната документација со геодетски елаборат за да се асфалтира патот, но општината и Минситерството за транспорт и врски до сега не најдо решение за асфалтирање на патот

-По апелите и барањата на жителите на с. Луковица по втор пат заедно со пратеничката Дафина поднесовме амандман за обезбедување на средства од Буџетот за асфалтирање на патот до село Луковица општина Желино. За жал пратениците на СДСМ и ДУИ кои се членови на Комисијата за финансирање и буџет гласаа ПРОТИВ обезбедување на пари од буџетот за да се реши проблемот на жителите на Луковица, информираше пратеникот Александар Велјановски.

Во неколку наврати преку медиумите мештаните порачаа дека е крајно време да се најде решение и конечно да има асфалтен пат до нивното село. Потребно е да асфалтира од месноста Крстец до селото Луковица во должина 5,5 километри.

 

 

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Во Тетово силен ветер собори дрво кое падна над паркирани автомобили

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.