• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Советниците од Беса и Алијанса на Албанците ја напуштија седницата на тетовскиот Совет

30/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советниците на Беса и Алијанса на Албанците ја напуштија работата на Советот на општина Тетово на денешната 25-та седница откако предложено беше да се избираат членови на надзорниот и  управниот одбор на новото јавно претријатие „Тетово транспорт“.  Тие се противат на предлозите членови да бидат од редовите на партиите кои го сочинуваат мнозинството.

-Проблематично е што предлогот што го добивме денес,а не неколку дена пред седницата. Сметаме дека не треба да има членови на партиите од мнозинството на Советот во надзорен и управен одбор на претријатието бидејќи  досегашната практика покажа дека во такви случаи јавните претријатија секогаш работи непрофесионално и со загуби, истака Бесарт Дурмиши советникот од Беса.

На самиот почеток од седницата претседателот на Советот, Беким Мемети информираше дека сите советници ќе добијат преносни лап-топ компјутери кои по завршување на мандатот треба да ги вратат.  Советниците го прифатија извештајот за работа на полициската станица за општа надлежност Тетово за првите шест месеци од 2019 година.

Согласно законските промени во образованието, се констатираше престанување на мандатот на по двајца членови на училишни одбори по предлог на Советот како основач и именување само по еден член. Советот ги усвои годишните програми на сите оптиштински училишта за учебната 2019 /2020 година.

А.С

 

 

Тагови: алијанса албанцитебесаседницаСовет

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Две книги за интерна медицина промовирани на Универзитетот во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.