• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Советот за етика во медиумите годинава бележи 60-тина жалби за неетичко и непрофесионално новинарство

Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) бележи над 60 жалби за неетичко и непрофесионално известување досега во текот на 2019 година, истакнаа од таму денес во Тетово каде се организираше дебата на тема “Саморегулација во медиумите – состојби, предизвици и можности“.

29/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) бележи над 60 жалби за неетичко и непрофесионално известување досега во текот на 2019 година, истакнаа од таму денес во Тетово каде се организираше дебата на тема “Саморегулација во медиумите – состојби, предизвици и можности“. Освен дискусија за најчестите тенденции на прекршување на стандардите во известувањето, како и за начините на кои дејствува СЕММ учесници беа запознаени со механизмот за поднесување жалба до Комисијата за жалби на Советот.

-Обработувајќи ги статистички сите податоци кои ги имаме ги сумираме следната година, меѓутоа слободно можеме да речеме дека во текот на оваа година добивме над 60-ти жалби за неетичко и непрофесионално известување. Повеќето од нив се однесуваат на членот 1 од кодексот на новинари односно едностраното известуавње и некористење на повеќе извори на информации со цел објективно да биде и урамнотежено на една тема или прашање кое се обработува во медиумите, изјави Марина Тунева извршна директорка во Советот за етика.

Настанот е во рамки на одбележуавње на неделата на писменост, во рамки на мрежата за писменост која е формирана од страната на Агенцијата за аудио и аудиовозуелни медиумски услуги со повеќе партнери и над 50 членки.

-Се приклучлувиме на оваа иницијата со тоа што крајната цел е да овозможиме на јавноста и на граѓаните и не само да се вклучат во разбирањето на медиумските содржини и нивното полесно интерпретирање и препознавање на околностите во кои се случуваат дезинформации, говор на омраза, туку и да може да пријавуваат случај на непрофесионално и неетичко информирање,рече Тунева.

Ваквите дебати за само регулација е во насока за промовирање на добро новинарство, велат од Советот.

-Со ваквиот приод да знае публиката кои се тие медиуми и парамедиуми особено во онлајн сферата. Се обидуваме да поттикнеме дебата во општеството бидејќи сме свесни дека лажните вести, прогандата, манипулицијата и злоупотреба на медиумите за цели на сопствениците се присуртни во медиумите и сметаме дека ваквите теми ќе значи можност да го вратат новинарите авторитетот кој го имаа во минатато, рече Сефер Тахири од Советот.

На дебатата беше посочено дека следува фаза на избори каде етичноста и професионалноста за работата на медиумите повторно ќе биде на тест ќе преиспитуваат новинарските практики.

А.С

 

Тагови: совет за етика во медиумите

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Четврти ден четири пожари се уште горат на Шар Планина

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!