• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Советот на општина Тетово го изгласа буџетот за 2020 година

Седницата при составување на дневниот ред ја напуштија петмината советници од ВМРО ДПМНЕ. Тие не се согласија со предлог за изменување и дополнување на статутот на општината поради промената на името на државата.

26/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На последната 27-та седница за 2019 година Советот на општина Тетово го изгласа буџетот за 2020 година.  Предвидени се приходи во висина од 27 милиони и 914 илјади евра, додека за расходи 30 милиони и 680 илјади евра.

-Сметам дека ќе имаме добра работна година. Планирањето на буџетот е направено по стандардите дадени пд  Министерството за финансии со можноста која е дадена за зголемување на 30 отсто, која минатата година ја немавме. И тоа дава малку поголема можност во однос на планирање на расходите. Исто така планираните приходи не секогаш успеваме да ги релаизираме, но мора да се планираат како такви за тоа што со планирањето може да се изградат и другите процеси за развој, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Таа истакна дека главните капиталани инвестици кои се планираат со буџетот е проширување на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ како и работа на други 4 улици.

На седницата на Советот беше донесена одлука да се даде на користење и управување на објектот капела на јавното комунално претријатие „Тетово“.

-Со денешната одлука, ЈКП ќе менаџира со капелата. Од денеска натаму ќе може да се користи капелата. Тетово беше меѓу ретките градови кои немаше ваков објект кој е потребен за граѓаните од православна вера, рече Анастасија Блажевска, советничка од СДСМ.

Седницата при составување на дневниот ред ја напуштија петмината советници од ВМРО ДПМНЕ. Тие не се согласија со предлог за изменување и дополнување на статутот на општината поради промената на името на државата.

-ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во промена на документи . Советот нема обврска да носи ваква одлука и да менува акти со оглед дека според Преспанскиот договор новото име за интерна употреба може да се користи кога ќе се добие датум за преговори за членство во Европска унија, а тоа не случи, изјави Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ.

Останатите советници изгласаа менување на статутот на општина Тетово со новото име Република Северна Македонија.

А.С

Тагови: буџет 2020општина ТетовоседницаСовет

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Речиси 100 возила со недозволено поставени фолии на стаклата откриени за една контрола

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!