Од денес започнуваат градежни работи за надградба на коловозната лента и поставување на асфалтна подлога на регионалниот пат Р2234 на потегот од Долно Орашје, општина Јегуновце до Радуша, општина Сарај, во изведба тетовската секција на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат). Должината е околу шест километри.
-Поради изведување на градежните работи ќе има прекин во сообраќајот на таа делница секој ден од 8.30 до 16.30 часот, наредни дваесет денови додека траат работите согласно временските прилики. Изминатите денови се изврши гребење на површината, па ќе продолжи со крпење и санирање на оштетените делови од коловозот и потоа комплентата надградба на коловозот со асфалт, информира Дејан Јовановски, раководител на тетовската секција при Јавното претријатие.
Патната делница е широка 3,70 метри. Треба да се надградат околу 8.500 метри квадратни асфалт. Од претријатието советуваат граѓаните на Тетовско преку Јегуновце и Сиричино да пристапат до автопатот Тетово-Скопје како алтернативен правец за движење.