Четири лица се повредени вчера на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на натпатникот за тетовско Горно Седларце, кога патничко моторно возило „фолксфаген поло“ управувано од 19-годишната А.Р. од тетовски Пирок, загубило контрола и излетало од коловоз.
Сообраќајката се случила во време на полицискиот час, односно во 22 часот и 30 минути.
Од излетувањето, возачот и тројца сопатници во возилото на возраст од 36, 39 и 42 години, сите од Пирок, со задобиени телесни повреди пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, соопшти тетовската полиција.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово,
А.С