• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Соопштение на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово : Општина Тетово недоволно се грижи за децата од предучилишна возраст

Иако СДСМ вети во својата програма дека ќе изгради нова детска градинка и тоа во дворот на Основното Училиште Кирил и Методиј, досега за реализација на оваа идеја немаат мрдно со малиот прст, се вели во дописот на ВМРО ДПМНЕ.

31/08/2019
во Вести
вмро дпмне тетово
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово испрати соопштение до јавноста:

На одржаната седница на Советот на Општина Тетово на која меѓудругото беше изгласно во тетовските градинки да се зголеми бројот на деца во групи, практично со оваа одлука се покажа и докажа дека надлежните при Општина Тетово недоволно се грижат и за најмладите – децата од предучилишна возраст.

Иако СДСМ вети во својата програма дека ќе изгради нова детска градинка и тоа во дворот на Основното Училиште Кирил и Методиј, досега за реализација на оваа идеја немаат мрдно со малиот прст.

Доказ за горе изнесеното е паушалното решение да се зголемат бројот на деца по групи. Што значи купување уште една година со оваа не толку добра идеја.

Светски тренд е лицата кои работат со децата во предучилишна возраст да работат со помали групи, за да им обрнат повеќе внимание како би тие деца добиле можност за брзо стекнување на знаења и вештини.

Но во Тетово по се изгледа не е таков случајот.Општинската власт или не сака за децата нови објекти и современи услови за психофизички развој на децата или само сака брзи партиски вработувања на негувателки и воспитувачки. За првото треба голема капитална инвестиција, за која Општина Тетово не е расположена, додека за вработувањата е далеку повеќе заинтересирана бидејќи ќе добијат глас повеќе на следните парламентарни или локални избори.

Не треба да се амнестира од одговорност и Теута Арифи која најави во нејзината програма дека токму во нејзинот за жал втор мандат, и тоа уште во првата година дека ќе изгради детска градинка во дворот на ОУ Кирил и Методиј.

Според ветувањата и нивната реализација, госпоѓата не планира да се кандидира за трет мандат. Ќе бидат потребни уште многу ветувања. Што ќе смислат овој пат.Се надеваме дека од следната година тетовчани нема да ги носат своите деца по градинките во Скопје, бидејќи во Тетово ќе нема место во градинките.

Со зголемувањето на бројот на деца во групи само ќе придонесе децата да имаат неквалитетен воспитно образовен процес, без да бидат следени нивните индивидуални потреби.

Тетовчани очекуваа од оваа локална власт предводена од СДСМ и ДУИ, да добијат нови градинки, современи услови за згрижување на децата, помали групи и без листи за чекање.

Но за жал ништо од ова не е исполнето, уште едно од многуте ветувања без реализација, бидејќи најповиканите и одговорни лица моментално се занимаваат со други теми, а тоа е личен бизнис и богатење на сметка на граѓаните.

Многу ветувања, малку реализација.
Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово

Тагови: ок вмро дпмнесоопштение

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава
МВР

МВР : 12 килограми марихуана најдени во паркирано „бмв“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!