• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Со инвертери-клими помали трошоци и помалку загаден воздух

Овие апарати се поставени како начин на намалување на загадувањето во Тетово, велат од локалната самоуправа.

03/02/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовското основно училиште „Наим Фрашери“ е првото кое во иднина целосно ќе се загрева преку клими инвертери. Овие апарати се поставени како начин на намалување на загадувањето во Тетово, велат од локалната самоуправа.

-Ова училиште е првото училиште каде комплетно се инсталирани инвертери за да се покрие комплетно целиот објект, што значи ова училиште ќе има минимална емисија на штетни гасови, но исто така и битно ги намалува трошоците за греењето. Со исто темпо продолжуваме во другите јавни училишта, истакна градоначалничката Теута Арифи.

Таа денес во ОУ „Наим Фрашери“ учествуваше на дебата со просветниот кадар и учениците за изнаоѓање начини како да се намали загадувањето, но и како се намалат трошоците на училиштата во однос на греењето.  Од раководството на училиштето велат дека покрај поставувањето на инвертерите, биле преземени и други мерки за заштеда на енергија.

-И пред 4 години ние ги сменивме светилките со лед диоди, при што го преполовивме трошокот на електрична енергија, а заштедените средства ги искористуваме за нагледни материјали во училиштето. Оваа година сме во контакт со Холандска амбасада и со ЕВН за поставување на фотоволтаични плочки“, вели директорот на училиштето, Џелал Алили.

Покрај ова училиште, вакви клими се монтирани и во објектот на подрачното основно училиште „Братство Миѓени“ кај Спортскиот центар и три објекти на општина Тетово.

А.С

 

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Поп рок групата SKYRISE од Тетово објави нова песна со наслов „Рај“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!