• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Со правни претставки Наташа Димитриевска во борба за правда за сопругот Гоце за чија смрт во сообраќајка беше донесена условна пресуда

05/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Големо незадолство и револт предизвика судската пресуда за смртта на 32 годишниот Гоце Димитриевски од Тетово во сообраќајка во Скопје, при што тешко беше повредена неговата сопруга Наташа која  го загуби и нејзиниот плод. Наташа денес во разговор со новинарите најави покренување постапки затоа што на условно беше осуден скопјанецот кој удри во нив.

Таа е адвокат и сега веќе работи на претставка и против судијката во случајот, Елена Јосифовиќ, и против обвинителката која го водела предметот, Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска.

-Ќе поднесам претставка до Судскиот совет во однос на работата на судијката, затоа што сум револтирана од нејзината одлука. Ќе пуштам претставка и до Советот на јавни обвинители во однос на работата на предметниот обвинител, бидејќи моравме самите да ги поправаме грешките и недостатоците во овој предмет, изјави денес Наташа.

Таа аргументира дека ќе ја обжали висината на казната, за која смета дека мора да биде повисока со оглед на кривичното дело и последиците од него. Против обвинителката која го водела предметот, ќе поднесе претставка од неколку причини.

-Прво, обвинителството има рок да донесе одлука по кривична пријава во рок од три месеци или во покомплицирани случаи во рок од шест месеци. Сообраќајката се случи во октомври 2018 година, а јас за првпат дадов исказ дури на 4 јули 2019 година, односно речиси девет месеци по сообраќајката. Тогаш за првпат ја дадов и медицинската документација, изјави Наташа.

Судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при Основен Суд Скопје 1 во петокот изрече условна осуда за Васил Ќорбачиев уште на првото рочиште, кое се одржало на 2 септември образложувајќи на семејството на Гоце дека сторителот го признал делото.

Претседателот на кривичниот суд Иван Џолев, во изјава за „360 степени“ вели дека ќе се воздржи од коментар додека не собере повеќе информации за случајот.

-Во моментов немам повеќе информации за пресудата. Таа беше донесена вчера, јас за неа дознав на крајот од работното време. Ќе се интересирам за случајот, од понеделник ќе добијам повеќе информации од судот, по што ќе можам да дадам коментар и став“, вели Џолев.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава
МВР

Приведен 45 годишник во локал по пријава од пазарни инспектори

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!