• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Со приредбата „Светосавска радост“ одбележано завршувањето на школата за српски јазик

Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово вечерва ја организираше манифестацијата „Светосавска радост“. Повод беше одбележување на денот на Свети Сава и завршување на проектот „Школа српског језика“ (Школа за српски јазик)

25/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од  Тетово вечерва ја организираше манифестацијата  „Светосавска радост“.  Повод беше одбележување на денот на Свети Сава и завршување на проектот „Школе српског језика“ (школа за српски јазик).

-Школата траеше шест месеци и со оваа е крајна активност. Српскиот јазик го учеа 18 деца-ученици на возраст од 10 до 15 години со Нена Ристиќ Костовска професор по српски јазик и литература од Скопје. Вечерашнава приредба е посветена и на Свети Сава, која во Србија се празнува како школска слава. Воедно децата покажаа што научиле во текот на кратката учебна година, изјави Соња Андонов, претседателка на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од  Тетово.

18-те учесници во школата добија дипломи и комплети со книги на српски јазик.

-Децата изведоа драмските текстови, посветени на Свети Сава, а еден дел и од она што учеа. Комплетите книги ги добија од врсници од Срвија, собрани во акција за која беше задолжена Олга Сабо од Институт за српски јазик при Српската академија за наука и уметност,рече Андонов.

Проектот е кофинансиран со средства на Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот при Министерството за надворешни работи на Република Србија и е поддржан од Амбасадата на Република Србија во Македонија.

Наредниот период активностите на Здружението се подготвување за настап на фолклорната секција на Здружението на манифестацијата „Денови на културата и традицијата на дијаспората во Ниш“  која ќе се одржи на почетокот на февруари оваа година. На почетокот на месец март ќе учествува на фолклорни средби на српската дијаспора во Инсбрук (Австрија) на  традиционалната  Пролетна фолклоријада „Заиграј, запеј“.

А.С

Тагови: здружение срби и македонцишкола српски јазик

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

16 годишник со нож ранил една година помал малолетник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!