• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Со свечена академија одбележана 25 годишнината од основањето на Универзитетот во Тетово

Ректорот Вулнет Амети во пригодниот говор по повод годишнината информираше дека до државните институции е поднесен предлог за нов назив: Универзитетот во Тетово-Фадил Сулејмани.

16/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По повод 25-годишнината од основањето Универзитетот во Тетово одржи Свечената академија.  Ректорот Вулнет Амети во пригодниот говор по повод годишнината информираше дека до државните институции е поднесен предлог за нов назив: Универзитетот во Тетово-Фадил Сулејмани, во чест на првиот ректор на оваа установа.

-Овој датум е најважниот за Универзитетот во Тетово и ние мора да изразиме благодарност за тие што дадоа своја лична жртва-материјална но и со своите животи. Без тие напори немаше да ја имаме оваа високообразовна институција. Освен за образованието, како високообразовна институција, Универзитетот во Тетово дава огромен придонес и за унапредувањето на самата држава.  Оваа година имавме церемнија на која промовиравме над 1000 апсолвенти, а за тековната 2019/2020 година бележиме над 2500 ново запишани студенти, истакна ректорот Вулнет Амети.

Министерот за образование Арбер Адеми во обраќањето истакна дека и тој доаѓа од Универзитетот во Тетово и добро ги познава заложбите на вработените за пренесување на знаењата.

-Поминаа 25 години од идејата за високо образование на Албанците и Универзитетот веќе станува важна алка која продуцира кадри кои придонесуваат за општеството. Горди сме на конкретните резултати и постигнувања и можеме да кажеме дека идејата на инијаторите е исполнета. Мисијата ќе продолжи и во иднина и силно верувам во одлични резултати.  Државата и понатаму ќе го помага Универзитетот, во тек е изградба на студенскиот дом, а како и сите наставни кадри во наредната година ќе има и тука зголемување на платите, рече министерот Арбер Адеми.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека иако универзитетите се автономни институции, за нивно функционирање воспоставен е триаголник кој што се состои од академскиот персонал, студентите и ставката во државниот буџет.

-Улогата на Собранието во овој триаголник, освен што е  значајна во постигнувањето на алокација на што повисоки средства за образованието, значајна е и во делот на законодавството во областа на образованието во сите нивоа. Истото треба да биде прилагодено на потребите на современото време. За донесување на што подобри закони, кои и на терен даваат подобри резултати, ние сме ги отвориле вратите за да го чуеме гласот на сите засегнати страни, истакна собранискиот претседател Талат Џафери.

Универзитетот во Тетово по повод годишнината ја додели титурлата почесен доктор на науки на актерот од Албанија, Мируш Кабаши за особен придонес во уметноста.

Свеченоста за одбележување на годишнината заврши со откривање на споменикот „Факелот на сеќавањето“ и статуа на основачот и прв ректор на Универзитетот професор доктор Фадил Сулејмани.

Обележјата се донација на Лазим Дестани, сопственик на компанијата „Еколог“.

А.С

Тагови: 25 годиниуниверзитет во тетово

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Фрлен и несобран смет и кабаст отпад и пред градинки и училишта во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!