• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Студентите барат пониски цени за автобус, општината е согласна, нова процедура во Советот во февруари

01/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Студентските здруженија на средба со тетовската градоначалничка Теута Арифи побараа да има пониски цени за новиот автобуски градски превоз што се очекува да функционира откако општината набави пет автобуси. До реакција на студентите доаѓа откако Советот на Општина Тетово одлучи категоријата студенти да има месечни билети од 600 денари, за разлика од вработените во општината за кои е предвидено 450 денари месечно.

– Побаравме пониски цени да има за студентите и средношколци на средбата со градоначалничката Теута Арифи. Овој проблем е предзивик на младите во Тетово и насекаде. Таа даде збор дека на наредната седница на Советот во февруари, управниот одбор на претријатието ќе предложи студентите и учениците да бидат во посебна категорија со цел билетите да се со поповолни цени. Мислам дека за овој проблем ќе се најде решение, изјави Агрон Демири од Студенскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Од кабинетот на градоначалничката информираа дека на средбата се согласиле за потребата  студентите да добијат пониски месечни билети за автобуски превоз.

-Транспортното претпријатие Тетово ќе подготви предлог-промена на постојниот ценовник со цел тој да биде одобрен од Советот на општина Тетово. Разговаравме и за други теми во врска со зголемувањето на квалитетот на животот и општинските услуги за учениците во општина Тетово, информираа од Општина Тетово.

Во четвртокот Советот на општина Тетово даде согласност за ценовник на претријатието за градски автобуски превоз со цел да почнат техничко-административните процедури за да може да функционира како правен субјект.

 

Поврзани објави

Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Следна објава

Во дворот на тетовскиот затвор вработен нашол марихуана

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.