• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово вчера беше прикажан документарниот филм насловен „Талија“ посветен на театарскиот живот во градот.

Авторот и режисер на филмот  Саше Серафимовски во филмот прикажа хронологија на почетоците на театарските претстави кои се играле во дворовите на црквите и куќите во 19 век, која потоа продолжува со претставувањето на Градскиот народен театар (1949-1954) и функционирањето на аматерскиот театар и Драмското студио при Домот на култура во годините кои следат. 

Сите соговорниците во филмот го истакнуваат огромниот ентузијазам кој постоел кај луѓето кога станувало збор за личната жртва се со цел да се подготви една претстава.

– Театарот е религија, а не хоби. Од тоа не сме живееле, ама за театарот живееме. Јас можам да се откажам од цигари, ама од театарот не, порачаа поранешните актери во драмското студио преку филмот.

-Театарот во Тетово е институција која живее долго, долго и многу години. Како дел од тој театар сме преживеле многу настани, сами сме ковале штици на сцена, сами се правела гардероба. Аматерскиот театар му даде белег на мојот град, даде историја на мојот град, имавме добри актери одработено беше тоа  од срце и со голема љубов. Младите прават добри работи, Тетово има талент и продолжува традицијата, изјави Драган Павловски, соговорник во филмот и поранешен аматерски актер во Драмското студио.

Историчарот Бранислав Светозаревиќ истакна дека овој филм е една трајна вредност со која се  оддолжуваме на сите генерации тетовски глумци и останува аманет за идните генерации.

-Кога се гледа ретроспектива од 120 години на театар во еден град навистина е за секоја почит. Има една импресивна историја и покрај тоа што никогаш во Тетово не успеавме да направиме посериозно во професионален план, но не значи дека во иднина не треба не треба да се прави. Ме импресионира тој ентузијазам и тој дух кој се пренесува од колено на колено и преку актерите кои до денеска културно не обогатуваат и забавуваат, изјави Светозаревиќ.

Авторот Саше Серафимовски порача дека ова ќе биде траен документ во дигитална форма на градот и на овој начин да не се забораав вистинските вредности.

-Да не се заборавиме дека Тетово е стар театарски град, можеби и најстар театарски град кој бележи традиција од 124 години.  Во општествено политички контекст пораката е дека тие во институциите треба константно да работат да се имаат тие вредности како се работело пред 50 години бидејќи за тој пола век вредносите се изместени, изјави Серафимовски.

Асистент режисер е Игор Бачовски, а извршен продуцент Миќо Стојчевски. Филмот е почнат со снимање во 2015 година.

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.