• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Текстилниот комбинат Тетекс го прекина производството

Последната работна единица од поранешниот гигант фабриката „Конфекција“ го прекина работењето. 

10/02/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од денес нема производство во најпознатиот Волнарскиот комбинат АД „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово познат како „Тетекс“. Последната работна единица од поранешниот гигант фабриката „Конфекција“ го прекина работењето, информираат од синдикалната организација.

Според Љупчо Радовски од синдикалната организација сите 140 работници кои досега работеа во конфекција ќе бидат обештетени.

-Предвидени се седум лични доходи за оние работници кои имаат над 25 години работен стаж, а останатите соодветено на должината на стажот. Оние кои се пред пензија ќе бидат 18 месеци под Заводот за вработување, а другите ќе бидат до една година, изјави Радовски.

Како компанија Тетекс ќе продолжи да работи, а според информациите на Радовски има и направена програма за реорганизација.

-Во случај на повторно да има производство предноста ја имаат овие работници кои сега се отпуштени, изјави Радовски.

Комбинатот Тетекс започна со работа во 1951 година. Во 1986 година бележи најголема вработеност од 8.800 работници. Комбинатот се состоеше од фабрики во кои спроведуваше цел процес на производство-Предиво и волница, Ткајачница,Трикотажа и Конфекција.

А.С

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Откриени се 73 возила со фолии, од кои на 67 возачите сами ги отстраниле, додека 6 не го сториле тоа и законски се санкционирани

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.