45 годишник од Тетово добил кривична пријава од тетовската полиција затоа што во август годинава на социјалната мрежа Фејсбук се заканувал на службени лица кои преземаме дејствија за неговото погрешно паркирано возило. Пораките со закани ги упатувал кон двајца вработени во ЈП „Градски паркинг Тетово“ и еден полицаец кои со специјалното возило „пајак“ му го подигнале неговиот автомобил.
-СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.Б.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста по пат на информатички систем“. На 26.08.2019 во 10.00 часот во Полициска станица Тетово три лица пријавиле дека од профил на Т.Б. на социјалната мрежа „Фејсбук“ биле објавени пораки со заканувачка содржина, поради преземени службени дејствија за погрешно паркирано возило, сопственост на Т.Б, информира СВР Тетово.
Инаку, Секторот за внатрешни работи Тетово околу паркирањето во Тетово информира дека вчера 7 октомври полициските службеници откриле и законски санкционирале 27 погрешно паркирани возила, односно возачи.