• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетово домаќин на првиот настан Млади 20-24 на СДММ

Во Тетово Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) ја одржа првата средба „Млади 20-24“. како настан каде младите луѓе ќе може да предлагаат идеи и визии за новата програма на СДСМ. Настанот имаше и хуманитарна цел, а главна тема на дикусијата беше младинското претриемништво.

08/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) ја одржа првата средба „Млади 20-24“. како настан каде младите луѓе ќе може да предлагаат идеи и визии за новата програма на СДСМ. Настанот имаше и хуманитарна цел, а главна тема на дикусијата беше младинското претриемништво.

-Овие настани кои ќе ги има и во други од поголемите градови се организираат со цел да се чујат идеите кои би биле дел од програма за млади на СДСМ, а воедно да ги презентираме активностите, мерките и политики кои се преземени. Неформално дружење е со цел да добиеме блискост со оние кои имаат идеја, да допреме до секој млад човек кој сака да помогне за подобар младински станард во државата, истакна Дарко Каевски, претседател на СДММ.

На главна тема претриемништво зборуваше Бобан Милосавлевски, претседател на СДММ за Тетово, а воедно и претриемач. Тој потенцираше дека е важно и младите да се информираат за можностите кои се нудат за да започнат сопствен бизнис.

Можности се од мерките за самовработување, кредитрирање, Фондот за иновации и технолошки развој, Младинска гаранција. Поентата е да ги мотивираме младите, својата иднина да ја бараат во приватниот сектор, не само во државните институции, бидејќи таму условите се подобри и има многу можности за развој. Се надевам дека ќе инспирираме млади да започнат и да аплицираат. Преку вакви настани сакаме да ги информираме и предизвикаме. Доколку имаа добра идеја да побараат помош и поддршка од државата преку некоја од мерките, истакна Милосавлевски.

Хуманитарниот дел од настанот беше базар на топли пијалоци од чија продажба средствата ќе се донират на социјално загрозено семејство и за операција на девојче.

А.С

Тагови: млади 20-24програмасдмм

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Во понеделник ќе се знаат износите за ваучерите за спортските федерации за 2020 година

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.