• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетово претставено во „Монументал МК“ – нова туристичка рута за споменици и бруталистичка архитектура

„Монументал МК“ е инспирирана од зголемениот интерес на странските туристи за заборавеното споменично и архитектонско наследство од социјалистичкиот период.

09/10/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По повод Денот на народното востание, Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ денес во Скопје ја промовираше „Монументал МК“ -нова туристичка рута за споменици и бруталистичка архитектура. На настанот беа претставени нов туристички водич и бесплатна мобилна апликација на пет јазици, вебсајт и промотивни сувенири. Оваа тура опфаќа 30 локации во Скопје и другите градови, меѓу кои и Тетово.

Претставникот на проектот, Мишо Докмановиќ потенцираше дека „Монументал МК“ е инспирирана од зголемениот интерес на странските туристи за заборавеното споменично и архитектонско наследство од социјалистичкиот период. Главната цел на проектот е да се поттикне локалниот развој преку мапирање на локации и развој на нова и автентична тура која домашните и странските туристи ќе можат да ги искусат преку користење на нови иновативни алатки за туристичка промоција. Најголем дел од локациите се на отворено, а домашните и странските туристи може да ги посетат и во услови на пандемија.

Извршната директорка на Стопанската комора за туризам, Биљана Пејоска Ристеска, нагласи дека станува збор за исклучително креативен и оригинал проект и рута која носи додадена вредност на туристичката понуда на земјата.

Тетово е претставено во туристичкиот водич на страниците 85 и 86 со Споменикот „Победа“ познат кај народот како Споменикот на револуцијата.

-За изградбата на споменикот бил објавен конкурс на кој победи идејното решение на Борка Аврамова. Борка Аврамова (1924 – 1993) е родена Тетовчанка, која дипломирала скулптура на Академијата за ликовни уметности во Загреб. Аврамова е првата македонска академска вајарка која својата прва самостојна изложба на скулптури ја организираше во 1954 година во Скопје што воедно беше и првата самостојна изложба на жена-уметник во нашата земја. Споменикот е изграден во 1961 година и бил поставен пред тогашната зграда на Општина Тетово. Во 1965 година оваа зграда е урната, а на нејзино место е изграден Домот на културата, се наведува во водичот. 

Овој настан се реализираше во рамките на проектот „Споменици и бруталистичка архитектура во Северна Македонија: Поттикнување на туристичката промоција за поддршка на локалниот развој“ имплементиран од страна на ИСИЕ.

Проектот е финансиран од грант на Проектот за развој и промоција на туризмот на Регионалниот совет за соработка и Европската Унија во обид да се придонесе за растот и конкуренцијата на шест економии од Западниот Балкан преку поддршка за развој и промоција на заедничката регионална, културна и алтернативна понуда.

 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Протестен марш низ Тетово поради поскапувањето на електричната енергија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!