• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетово сака парк“ : Да се стопираат најновите измени во Правилникот за урбанистичко планирање

16/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иницијативата „Тетово сака парк“ целосно ја поддржува и се приклучува на реакцијата на низа граѓански иницијативи и независни советнички групи, поради последната измена на Правилникот за урбанистичко планирање која се смета за противуставна и на штета на граѓаните.

И според „Тетово сака парк“ потребно е повлекување на тие измени во Правилникот за урбанистичко планирање.

-Министерот на мала врата пробува да „врати“ некакви „стекнати“ права на инвеститорите во плановите кои биле суспендирани. Истакнуваме дека секој план е подзаконски акт кој само теоретски предвидува можности за иден развој, и како таков не може да гарантира никакви „стекнати“ права – особено не доколку ретроактивно се докаже неговата штетност која се суспендира на Совет.По дефиниција, сите цртежи и линии во урбанистичкиот план се апстрактни – тие означуваат граници на правни дејствија, права и обврски. Секој урбанистички план по природа е нормативен – одредува само правила на уредување кои се флексибилни и менливи, и тие не можат да произведуват никакви „стекнати“ права сами по себе, соопштија од „Тетово сака парк“.

Повеќето граѓански иницијативи и советнички групи образложија министерот на нетранспарентен начин, без јавна консултација, исклучувајќи ја стручната фела, самиот го сменил Правилникот за урбанистичко планирање на начин што ќе обезбеди да се градат уште повеќе згради и станови кои нема кој да ги насели. Барањето е испратено заеднички на граѓански иницијативи и советнички групи: Зелен хуман град, Шанса за Центар, Независни за Карпош, Подобро за Тетово, Стига E – Струмица.

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

ВМРО Народна партија: Град Тетово да биде со повеќе општини и градоначалник Македонец

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.