• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ реализира два проекти со цел афирмација на читањето книги

27/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ овие два дена реализира две активности со цел да се афирмира читањето книги. Денеска во паркот кај културно-историската знаменитост Шарена џамија се спроведуваше проектот „Читаме за нашата душа“.Триесетина ученици од пет тетовски училишта читаа книга во која се споменува Шарената џамија, а имаа слушаа предавање за објектот и литературата. 

-Идејата е учениците како да бидат поблиску до книгите, да не се одвојуваат од книгите. Воедно на овој начин тие се запознаваат со историски споменици кои се поврзани со културата и се претставени во пишаните дела. Освен Шарена Џамија, учениците ќе ги запознаат Арабати Баба Теќе, Калето и црквата Свети Никола кои ќе се посетат и ќе прочитаат книги кои се посветени на овие места, изјави Шерије Хајрулаи, библиотекарка. 

Освен во периодот мај-јуни, проектот со други ученици ќе продолжи во периодот септември-октомври 2022. 

Вчера библиотеката имаше активности во рамки на проектот „Клуб на читатели – пензионери“.

-Група од неколку повеќегодишни редовни читатели – пензионери и дел од библиотекарите во НУ библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово, беа во посета на манастирскиот комплекс во Лешок. На оваа посета присуствуваше и професорот по македонски јазик Борис Момировски кој направи краток осврт на историјата на манастирот, како и на делото и улогата на познатиот македонски просветител Кирил Пејчиновиќ-Тетоец, информираа од библиотеката.

Во текот на средбата било разговарано за новите наслови во библиотеката,а посебен осврт и анализа е направена за делата романи-трилери од странски автори преведени на македонски и албански јазик. 

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Тројца приведени-за најдена дрога, осомничен за кражби и за издржување на затворска казна

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.