• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската библиотека подаруваше бесплатни книги за промоција на читањето

Главната порака поставена на сите книги беше „Земи ме, прочитај ме“

17/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската градска библиотека „Кочо Рацин“ денес во рамки на проектот “Запознај ја библиотеката“ доделуваше бесплатни книги на заинтересираните кои поминуваа покрај објектот. Дел од акцијата е и бесплатно запишување на нови членови во библиотеката.

-Ние секоја година правиме промотивни активности околу читањето, па сакаме да биде традиција бидејќи има потреба од промоција на читањето и книгите. Одлучивме да биде надвор во директен контакт со минувачите. Така децата ќе можат да се запознаат со библиотеката, а на возрасните ќе им покажеме дека имаме многу книги и има што да читаат-изјави Њомза Исмаили Имери од библиотеката.

Главната порака поставена на сите книги беше „Земи ме, прочитај ме“. Се доделуваа и друг вид промотивен материјал како тефтерчиња, пенкала, моливи, маркери и слично.

-Со ова сакаме што повеќе луѓе да ги стимулираме да читаат книги. Бројот на наши членови секогаш е во пораст, никогаш не опаѓа, но сметаме дека треба да има уште многу луѓе да дојдат и да зачленат за да читаат книги. Тетово како град со два универзитети има потенцијал за уште многу нови читатели, рече Њомза Исмаили Имери.

Дел од книгите наменети како подарок беа поставени на дрвјата спроти библиотеката со цел граѓаните во било кое време да ги земат.

Тагови: библиотеказеми ме прочитај меКнигипромоцијачитање

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Основците во Тетово создадоа ученичка градина во паркот кај музичкото училиште

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.