Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ од понеделник 6 јули ќе продолжи со работа со корисници-читатели и изнајмување на книгите, што беше во прекин од 13 март. Од таму потенцираат дека функционирањето ќе биде според определени протоколи.
-Потребно е задолжително носење маска, шал или марама кои го прекриваат пределот на носот и устата, одржување задолжително растојание од 2 метри помеѓу корисниците, вработените, како и помеѓу библиотекарите и корисници,дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека,ограничување на бројот на корисници во библиотеката, информираат од установата на нивниот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
Воедно, потенцираат дека протокол има и за книгите.
-Книгите кои ќе се вратат не можат веднаш да се изнајмат и ќе бидат ставени 3 дена (72 часа) во карантин во библиотекатаи ќе биде евидентирана кај читателот кој ја оставил. Поради карантинот, во случај на резервација ќе се продолжи периодот кога членот кој ја резервирал граѓата и таа е вратена навистина ќе може да ја зајми, објаснуваат од националната установа библиотека „Кочо Рацин“- Тетово.
Библиотеката ќе работи од 8 до 16 часот.
А.С