• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Тетовската секција на Дирекција за заштита и спасување на Шар Планина спасуваше повреден планинар

31/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Екипа за спасување во планина при Дирекцијата за заштита и спасување-Тетово вчера имаше успешна акција за наоѓање и враќање на двајца планинари. Тетовската екипа била ангажирана за помош на двајцата планинари бидејќи едниот од нив бил повреден.  Планинарите јавиле дека се движат на потегот од селото Вешале кон месноста Шилиџе па назад кон селото.

-По дојавата дека има повреден планинар, околу 14 часот од Тетово тргнавме кон Вешале. Информацијата беше дека двајцата планинари се наоѓаат на потекот помеѓу врвот Кобилица и Црн врв кај карпата Шилиџе. За да стигнеме до таму ни беа потребни околу четири часа, вели раководителот на екипата Борис Стојановски.

Спасувачите ги пресретнале планинарите од карпата Шилиџе кон Вешале околу 20 часот. Дел од четиричлената тетовската екипа за спасување е и лекар кој по наоѓањето на двајцата планинари извршиле соодветна интервенција.

-Планинарот имаше повреда на лигаментите на коленото или народски кажано го исчашил коленото. Двајцата направиле преврска, но кога ги најдовме нашиот лекар направи соодветна имобилизација со цел полесно да се движи за назад, објаснува Стојановски.

По санацијата на коленото сите се упатиле назад кон Вешале каде пристигнале три часа подоцна. Повредениот планинар е роден 1973 година, додека другиот е 1986 година.

ас 

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.