Планинарот Давор Димитровски, член на планинарскиот клуб Тетекс го освои Мон Блан највисокиот врв на Алпите на 4810 метри надморска височина.
„Највисокиот врв на Алпите, највисокиот врв во западна Европа, искачен од Шамони (француската страна) преку кулуарот на смртта и Монбланска стена, глечери, замрзнати гребени. Искачување на врвот го посветувам на моето семејство поточно моите две ќерки Дона и Ева и до мојата мајка, Благодарност до сите Вас за безрезервната поддршка којашто ми ја дававте и давате и верувавте во мене“, порача Давор на социјалната мрежа Фејсбук.