Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на Ковид-19 од кои во тетовскиот регион е само еден случај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени пациенти од кои 13 се во тетовскиот регион. Активно болни се 190 луѓе, додека вкупно дијагностицирани се 1088 лица.
Починати се 4 лица, два пациенти од Скопје (72г. и 84г.), пациент од Дебар (62г.), и пациентка од Штип (66г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.