Во рамки на одбележувањето на „Неделата за борба против ракот“, во периодот од 1-8 Март 2022 година, Општинската организација на Црвениот Крст од Тетово спроведе пригодна активност во центарот на градот.
Целта е подигнување на свеста за оваа болест и давање поддршка на болните при лекувањето.
-Денес по повод „Неделата за борба против ракот“ која традиционално се одбележува од 1 до 8 март волонтерите на општинската организација пред платото на Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ им поделија флаери и панделки на граѓаните. Целта е сензибилација на популацијата за превенција и рано дијагостицирање на малигни заболувања. Воедно активноста е во насока да дадеме поддшка на заболените, изјави Шкљќим Мурати, секретар во тетовскиот Црвен крст.