На Европското карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори кое се одржа во Прага, Република Чешка ( 17-19.06.2022 година), настапија тетовските каратисти Андреј Стојановски и Ангела Анѓелкоска.
Андреј Стојановски настапувајќи за ката тимот на кадети и јуниори (Стојановски, Пешков и Андриќ) го освои петтото место по поразот во борбата за бронзен медал со ката тимот на Турција.
По успешното полагање на Балканското првенство и стекнување со Балканска лиценца во двете дисциплини ката и кумите кон крајот на минатата година, оваа година Ангела Анѓеловска се стекна со Европска лиценца за судење во двете дисциплини ката и кумите.
Полагањето беше составен дел Европското првенство и по успешно завршениот теоретски и практичен испит, Анѓелковска се здоби со право да суди на ова и сите следни Европски првенства.
За карате репрезентацијата настапи и Катја Апостоловска од КК „Тигар 2003″, Беловиште во категорија кадети -47 кг, која загуби во првото коло од репрезентативката на Украина Ана Вашчишин.