• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовските комуналци шест месеци без здравствено и пензиско осигурување

Околу 60-тина работници на работната единица „Комунална хигиена“ при Јавното комунално претријатие „Тетово“ (ЈКП) се собраа на јавен протест изразувајќи незадоволство што веќе шест месеци не им се платени придонесите за здравствено и пензиско осигурување. Бараат интервенција на државните институции. 

15/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Околу 60-тина работници на работната единица „Комунална хигиена“ при Јавното комунално претријатие „Тетово“ (ЈКП) се собраа на јавен протест изразувајќи незадоволство што веќе шест месеци не им се платени придонесите за здравствено и пензиско осигурување. Бараат интервенција на државните институции.

-Немаме шест месеци осигурување и  бараме да ни се дадат платите на време. Платите ни доцнат еден месец, но најмногу ни е проблем што немаме осигурување. Еве јас имам проблем со срцето, морам да пијам лекови, морам да ги земам, наместо да платам 300 денари сум платил 2500 денари затоа што немам осигурување, вели работник од село Копанце.

-Вчера сум платил таблети за дијабетес, морам таква е болеста, а немам осигурување. Шест години со договор работам немам никакво осигурување. Тука се пред се луѓе без образование, не манипулираат, се пожалија работниците.

Според раководството на ЈКП Тетово„Комунална хигиена“ незадоволството изразиле само дел од работниците за кое сметаат дека не е оправдано со оглед дека здравствено и пензиско осигурување нема за ниту еден работник од околу 300-те луѓе вработени во јавното претријатие.

-Претријатието работи со загуби поради пандемијата овие шест месеци. ЈКП се соочува со загуба од 26 милиони денари, а причина се неплатени сметки од страна на граѓаните.  Сега ова треба да се корегира со ребаланс на буџетот на општинскиот Совет за итно решавање .  За придонеси месечно се потребни 8 милиони денари. Работиме на тоа со Фондот за здравство да се земаат лекови и да се користат услуги во јавното здравство, но треба да се почека да се именува нов директор. Работниците ми рекоа дека бараат од државата да помогне,  изјави Џелал Цека.

Работниците се пожалија дека како јавни претријатијаи вработени со ниски примања не добиле никакви помош од државата како што се ваучери и слично.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Донирана опрема и заштитни средства за гинеколошкото одделение во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!