• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовските планинари се вратија од највисоките врвови на Словенија и Австрија

Екипа од 17 планинари успеа да се искачи на Триглав на 2864 метри надморска височина. 14 планинари од ПК „Љуботен“ се искачија и на Гросклокнер во Австрија.

25/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинарите од тетовскиот клуб „Љуботен“ успешно ја завршија намерата да се искачат на највисоките врвови во Словенија и Австрија. Сите кои тргнаа на походот во петокот, се вратија дома во Тетово во средата навечер. Искачените беа Триглав и Глосглокнер.

-Екипа од 17 планинари успеа да се искачи на Триглав на 2864 метри надморска височина и тоа за само еден еден. Во саботата на 20 јули се качивме на 2500 метри со намера таму да се преспие во домот Кредарица но се одлучивме и продолживме кон Триглав. Искачувањето траеше 8 часа, изјави Владимир Златковски, кој заедно со Јованче Даниловски беа организатори на исполнувањето на годишната програма за искачување на врв надвор од Македонија.

Во понеделникот 22 јули 14 планинари од ПК „Љуботен“ се искачија и на Гросклокнер во Австрија.

-Во неделата стигнавме во домот Штуделхуте на 2800 висина каде ноќевавме и следниот ден понеделник во 5 часот наутро тргнавме на искачување на највисокиот врв во Австрија, Гросглокнер 3798 метри.  14 члена се искачија под водство бидат искусните алпинисти Надир Мурсели од ПК Љуботен и Зоран Мајсторски од Радовиш. Искачувањето траеше 10 часа, рече Златковски.

Планинарите беа во посета на Планинскиот музеј на Словенија во Љубљана. Со музејот е предвидено да се соработува за заеднички проект и изложба.

Тагови: ГросглокнерПК ЉуботенТриглав

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Американскиот помошник државен секретар Филип Рикер во работна посета на Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.