• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовски Театар со премиера на „Граѓанинот благородник“ од Молиер

15/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Актерите од Тетовски Театар утре четврток премиерно ќе ја одиграат претставата „Граѓанинот благородник“ по текст на Молиер.  Режијата е на Куштрим Бектеши, а претставата ќе се одигра на сцената на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово со почетoк во 20 часот.

-Ова е втора премиера за оваа 2022 година.  По премиерата утре, реприза имаме во петок. Бетим Зеќири ја направи сценографија, додека костимографија ена Емира Имери, а Фатос Лумани е композитор на претставата. Играат актерите од Тетовски Театар и гости од Гостиварски Театар. Имаме и соло пеачка БесартаМуртезани, како и четири инструменталистки студенти кои во живо ќе настапат за време на претставата, изјави Беким Смаили, директор на Тетовски Театар на денешната прес-конференција.  

Ова е четврти пат во Тетовски Театар како режисер да работи Куштрим Бектеши.

-Молиер овој текст го пишувал во 1670 година пред речиси 400 години. Еден од најдобрите автори во светска драматургија особено кога се работи за комедии. Претставата го третира феноменот на малограѓанството и претставува една сатира на општествениот феномен каде што неписмени малограѓани користејќи ги нивните богатства или политичка моќ, успеваат да стигнат од круговите на елитата во политика, култура или сите општествени аспекти. Со моја интерпретација се третира уште една тема, тоа дека луѓето се што кажуваат, во суштина друго прават. Реално, изгубени се моралните вредности, деградирано е сè и мислам дека е многу актуелно без разлика што пред 400 години ова го пишувал Молиер. Мислам дека тие теми се актуелни особено сега во нашето општество, каде сме ја поминале транзицијата но владее кичот, шунд, деградирање на вредностите итн. Единствениот лик кој е искрен само тој е жртва на тоа што е искрен и верува во љубовта верува во искреноста, изјави Куштрим Бектеши.

На 14 мај беше првата премиера за годинава, траги-комедијата „Бубрегот“ по текст на австрискиот автор Штефан Фогел, а во режија на Марјан Георгиевски од Битолскиот театар.

ас

 

 

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Одреден притвор и психијатриско лекување за двајцата напаѓачи на полицајци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.