• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовското драмско студио „Летечка театарска трупа“ ги започнува есенските настапи

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ при Центарот за култура  Иљо Антески Смок од Тетово со две претстави во понеделник и вторник ги започнува есенските настапи пред тетовската публика. Активностите на „Летечка театарска трупа“  продолжуваат на крајот од септември и почетокот на октомври кога ќе гостуваат пред македонската публика во Канада и Соединетите Американски Држави.

22/09/2019
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ при Центарот за култура  Иљо Антески Смок од Тетово со две претстави во понеделник и вторник ги започнува есенските настапи пред тетовската публика. Активностите на „Летечка театарска трупа“  продолжуваат на крајот од септември и почетокот на октомври кога ќе гостуваат пред македонската публика во Канада и Соединетите Американски Држави.

Во понеделник од 19 часот ќе биде прикажана претставата за деца “Возможна приказна – Абракадабра”

-Тоа е бајка со во авантуристички дух со елементи на мјузикл и танц. Претставата е замислена како пренесувач на универзалните пораки за триумфот на љубовта над љубомората, омразата и ксенофобијата, изјави Зоран Јованоски од „Летечката театарска трупа“.

Во вторник 24 септември младите тетовски актери ќе се претстават со со комедијата „Живкова слава„ што претставува тетовска верзија на “Ивкова слава”на Стеван Сремац. Почетокот исто така е закажан за во 19 часот. Комедијата ‘Живкова слава’ е тетовска верзија на безвременската “Ивкова слава”на Стеван Сремац.

„Летечка театарска трупа“ од 28 септември до 6 октомври ќе настапува пред Македонците во Торонто и Мисисага во Канада како и Стерлинг Хајтс во Мичиген во САД.  Ќе се претстават со претставите Живкова Слава и Дом за старци.

 

Тагови: летечка театарска трупапретстави

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

На денот без автомобили се играше хокеј на улиците во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.