Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на Ковид-19 од кои нема нови во тетовско.
Оздравени се 5 лица од вкупно 175 оздравени пациенти. Во регионот има вкупно 168 активно болни лица, а досега дијагностициртани биле 1103 луѓе.
За неносење заштитни маски на 51 лице има изготвени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. За изминатите 24 часа изготвени се 42 нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.