• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Непроштено се потсети на убиените и киднапираните во 2001 година

23/07/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовско Непроштено вечерва се одбележа 19-годишнината од свирепото убиство на Стојан Михајловски и исчезнувањето на Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски во конфликтот во 2001 година како дел од 12-те Македонци кои беа киднапирани.Одбележувањето на годишнината се одржа пред спомен обележјето кое е изградено во 2014 година. Помен трисагија за киднапираните Македонци отслужија свештеници од Тетовското архиерејско намесништво.

-Не само најблиските туку цело Непроштено тагува сите овие години по нив, тагува Македонија. Засекогаш ќе го негуваме споменот на нив ќе се сеќаваме на заедничите мигови поминати со нив. Потсетуваме дека Стојан беше свирепо убиен и оставен со денови на отворено, а беше погребан во Брвеница. Крсто беше учителот во ова село, Цветко беше посветен работник и татко, а Васе беше киднапиран само неколку денови по својата венчавка, беше истакнато во пригодното обраќање подготвено од иницијативниот одбор.

Пред единствениот потсетник спомен обележјето изградено во нивна чест, беше положено свежо цвеќе. Знак на почит им оддадоа семејствата на киднапираните, делегации на политички партии, институции и здруженија.

Со законот за амнестија во македонскиот судски систем се затвори и случајот Непроштено а со тоа и истражните постапки околу 12 -те киднапирани Македонци. Случајот Непроштено заедно со останатите три предмети во македонскиот правосуден систем беа вратени од Хашкиот суд во 2008 година, со ветување и обврска дека Јавното обвинителството ќе ги истражи, истакнуваат од иницијативниот одбор.

А.С

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Повредени работници на градежен објект на патот Тетово-Јажинце кај Лешок

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!