• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Тетовско Непроштено се потсети убиените и киднапираните во 2001 година

Во тетовско Непроштено вечерва се одбележа 18-годишнината од свирепото убиство на Стојан Михајловски и исчезнувањето на Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски во конфликтот во 2001 година како дел од 12-те Македонци кои беа киднапирани.

23/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовско Непроштено вечерва се одбележа 18-годишнината од свирепото убиство на Стојан Михајловски и исчезнувањето на Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски во конфликтот во 2001 година како дел од 12-те Македонци кои беа киднапирани. Одбележувањето на годишнината се одржа пред спомен обележјето кое е изградено во 2014 година. Помен трисагија за киднапираните Македонци отслужија свештеници од Тетовското архиерејско намесништво.

-Не само најблиските туку цело Непроштено тагува сите овие години по нив, тагува Македонија. Засекогаш ќе го негуваме споменот на нив ќе се сеќаваме на заедничите мигови поминати со нив. Потсетуваме дека Стојан беше свирепо убиен и оставен со денови на отворено, а беше погребан во Брвеница. Крсто беше учителот во ова село, Цветко беше посветен работник и татко, а Васе беше киднапиран само неколку денови по својата венчавка, беше истакнато во пригодното обраќање подготвено од иницијативниот одбор.

Пред единствениот потсетник спомен обележјето изградено во нивна чест, беше положено свежо цвеќе. Знак на почит им оддадоа семејствата на киднапираните, делегации на политички партии, институции и здруженија.

Со законот за амнестија во македонскиот судски систем се затвори и случајот Непроштено а со тоа и истражните постапки околу 12 -те киднапирани Македонци. Случајот Непроштено заедно со останатите три предмети во македонскиот правосуден систем беа вратени од Хашкиот суд во 2008 година, со ветување и обврска дека Јавното обвинителството ќе ги истражи.

Александар Самарџиев

Тагови: киднапиранинепроштеноспомен обележје

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Ноќно искачување и изгрејсонце на врвот Љуботен

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!