• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовци алармираат дека се прави обид да им се узурпираат имоти на ридот Балтепе

Сопственици на лозја на ридот Балтепе до Тетово се соочуваат со обиди за нелегална узурпација на нивните имоти. Според нив станува збор за насилен начин на поединци и групи кои дури и со механизација-багер влегле имотите да го видоизменат и присвојат за нив непознати намери.

20/05/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Сопственици на лозја на ридот Балтепе до Тетово се соочуваат со обиди за нелегална узурпација на нивните имоти. Според нив станува збор за насилен начин на поединци и групи кои дури и со механизација-багер влегле имотите да го видоизменат и присвојат за нив непознати намери.

-Станува збор за лозја на уридно место на ридот Балтепе. Долго време не се користени од нашата поширока фамилија, па најверојатно узурпаторите помислеле дека е државна шума која може да ја користат. Реагиравме и повикав полиција, по што работите беа запрени, но се плашиме дека и во иднина тоа ќе продолжи, ако нема соодветна интервенција од институциите. Има многу изговори во институциите дека  поради состојбата со коронавирусот не можат да интервенираат. Дополнително со документите од катастар е измерено, означено и оградено местото. Лицата кои се видени таму се од селата над ридот, објаснуваат тетовците кои сакаат да останаат анонимни

Според нашите соговорници и други сопственици на имоти-лозја на ридот Балтепе се соочиле со сличен проблем.

– Примери има кога сопственици се водат повеќе луѓе во странство каде немало кој да интервенира како во мојот случај, па имотот им е узурпиран, дури и изградено објекти или се користи за земјоделство. Институциите мора да преземат мерки за да се заштити приватниот имот.  Институциите мора да проверат дали луѓево кои се обидуваат да узурпираат имот информациите за сопственоста ги добиле од вработени во катастар или централен регистар, велат сопствениците на имотите на Балтепе.

Државата во многу случаи се соочува со тужби на милионски износи поради тоа што институциите не успеваат да ја гарантираат правната заштита на сопственоста пропишана според Уставот и законите.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Следна објава

Идната недела вработените во градинките ќе се испитуваат за коронавирус

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!