Тетовчанец на 40 години е ранет со огнено оружје по расправија со двајца жители на Лавце. Инцидентот се случил вчера околу 18 часот на улицата Љуботенска во Тетово.
– Во СВР Тетово, Р.М.(38) од Тетово пријавила дека на улица „Љуботенска“ во Тетово, со патничко возило „мерцедес“, со непознати регистарски ознаки дошле Н.Б.(31) и А.Б.(38), двајцата од село Лавце и по куса расправија со нејзиниот сопруг Ш.М.(40) од Тетово, испукале неколку куршуми кон него, по што го напуштиле местото. Ш.М. бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му била констатирана тешка телесна повреда, соопшти денес СВР Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка.