Општина Тетово има конкурирано на повик на Министерството за труд и социјална политика со проект за градинка која ќе има капацитет за згрижување 90 деца која би била објект со најголем капацитет од сите веќе функционални во градот. Ова го изјави градоначалничката Теута Арифи на денешниот настан во Дневниот центар на новинарските прашања како ќе се надминува потребата за нови градинки во тетовскиот регион.
–Објектот е предвиден и проектиран со се потребните документи. Од наша страна е издадена и дозвола за градба на локација во близина на основното училиште „Кирил и Методиј“ во градот. Сме контактирале со Министерството, а не информираа дека за финансирање предлогот е испратен до Европската унија. Од оперативните контакти кажано ни е дека нема да има проблеми како проект и се чека да влезе во процедура за јавна набавка, рече Арифи.
Според неа и во руралните средини ќе има нови градинки.,
-Центрите за ран детски развој се висок приоритет за нас. Не очекуваат две нови отворања во септември. Искуството ни покажа дека од центар за ран детски развој потоа може да прерасне во градинка, како што веќе е направено во Шипковица, изјави Арифи.
Во моментов во сите градинки на установата „Младост“ има околу 1200 деца кои посетуваат градинка.