• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Тешко се реализира договореното околу исплатата на платите на тетовските пожарникари

25/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовските пожарникари членови на  независниот синдикат на државна управа велат дека четири месеци откако  договорија со општина Тетово за износите за платите, надминувањето на разликите се уште се трае, а за дел од параметрите се водат постапки и во суд.  Според пожарникарите, договор има за главниот износ на платата но не и за додатоците како што се дежурствата , празнични и викенд дневници и прекувременото работење.

-Постигнат е договор пожарникарите да добијат дополнителните 20 бодови зголемување плата. Друг проблем кој што го кочи реализирањето на договореното е  вештачењето на исплата на делот од плата што се однесува за ноќно работење, прекувремена работа, викенд и празнични дежурства. Разлика има во ставовите на вештакот од општината од една страна и вештакот од синдикатот од друга страна. Судот сега наложи супервештачење, кое сметаме дека не е потребно, а воедно е и многу скапо. Само за еден пожарникар вештачење на исплатата на плата е околу 550 евра, а има над 50 лица или вкупно околу 30 илјади евра, велат тетовските пожарникари членови на  независниот синдикат на државна управа.

Во јуни беше постигнат договорот меѓу претставниците на синдикатот на пожарникарите во Тетово и градоначалничката Теута Арифи. Двете страни формираа работна група која има задача да го реализира договорот преку вонсудски договори.  Во текот на годината пожарникарите неколку пати протестираа и бараа изедначување на платите со колегите низ државата.

 

Тагови: надоместоци дежурстваплатипожарникари

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Колективна изложба „Есенски салон“ во Уметничката Галерија во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.