• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тимоние : Има одлични услови и стипендии за студирање француски јазик

На средба со раководството на УЈИЕ се разговарало за поинтензивна соработка околу студии по француски јазик.

17/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристиан Тимоние од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово порача дека има одлични услови и стипендии за учење француски јазик во неговата земја, а се прават обиди да има добри можности на македонските универзитети. На средба со раководството на УЈИЕ се разговарало за поинтензивна соработка околу студии по француски јазик.

-Бевме активни на почеток на создавање на Универзитетот и сега сакаме да се посветиме на УЈИЕ со нашите активности. Тоа е дел од стратегија на Франција за ангажирање во Балканот.  Успеавме од 20 да достигнеме до 40 студенти што изучуваат француски јазик. Се студира француски исто времено на други студии, пример по право, и тоа е добро и за нас и за вас. Ние имаме студенти Македонци кои се мошне успешни во Франција па го поставувам прашањето зошто да немаме студенти Албанци кои ќе имаат успех исто така во Франција. Имам стипендии и други услови, зошто да не се користат. Гледаме дека има заинтересираност од надлежните во универзитетот, во рамки на програмата Еразмус,а пример за тоа е Универзитетот Лил,истакна Тимоние.

Тој пред студентите предаваше на тема: „Надворешната политика на Франција“

-Нашата цел е да стремиме кон тоа да креираме независна Европа која што ќе соработува со сите земји членки. Исто така со сите држави на целиот свет. Со цел што повеќе да се интегрираме и соработуваме, рече амбасадорот околу надворешната политика на Франција.

На новинарски прашања за почетокот на преговори на Македонија со ЕУ тој ги повтори ставовите.

-Отворањето на преговори за членство во ЕУ треба да е одраз на залсуги за да има успех и за вас и за Европа. Не е целта сам да се почнат преговори, туку сите точки да ги исполните, да ги реализирате и Македонија да почне преговори, рече Тимоние.

На УЈИЕ редовно се одржуваат предавања од страна на амбасадорите со оваа високообразовна институција има соработка. Минатиот месец предавање имаше американската амбасадорка.

А.С

Тагови: студирање фрацуски јазикфранцуски амбасадор

Поврзани објави

Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Следна објава

Се очекуваат печалбарите и зголемување на бројот на возила во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.