• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Трето место за осмоодделенцот Давид Богојевски од Јегуновце на републички литературен конкурс

22/06/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Давид Богојевски, осмоодделенец во основното училиште „Александар Здравковски“ во Јегуновце освои трето место на литературниот конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“ на темата: „Раскажи ми приказна од холокаустот другарче мое“ што го организирал Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија, информираа од училиштето.

Ментор на Давид на конкурсот е наставничката по македонски јазик, Ангелина Костовска.

Прво и второ место на литературниот конкурс освоиле ученички од Битола и Скопје. Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија доделил и три награди во ликовен конкурс.

Трето наградената творба на Давид е насловена „Раскажи ми за холакаустот,пријателе мој“

Човек неможе да опише чуствата со зборови без да ги доживее. Надвор е многу ладно,а јас излегов без своето палто.Едноставно го заборавив од брзање.Немав време за да се вратам по него.Седнав на клупата,чекав да пристигне автобусот.За моја среќа автобусот веднаш пристигна.Влегов и седнав до еден возрасен човек кој ме гледаше зачудено и со погледот како да сакаше да ме праша каде одам без палто.Како крвта да ми се замрзна,не го чувствував телото,срцето и гласот. Едвај му посакав добро утро. Неговата рака нежно ја стави на моето рамо и ме праша дали сакам да ми раскаже една вистина за едно зимско палто.Ми кажа дека потекнува од еврејско семејство.

Од мене не доби потврден одговор,но сепак почна да зборува: “ Тоа палто било сошиено од рацете на мојата баба во далечната 1933 година, го сошила за мојот татко.Татко ми тогаш бил младо момче.Во тоа време еврите ги изгубиле своите права.Главниот виновник за холокаустот бил тогашниот водич и канцелар на Германија ,Адолф Хитлер.Ги сметал евреите како непријатели на Германија па затоа го започнал нивниот прогон.” Додека го слушав почуствував како телото ми се затоплува.Човекот подетално ми раскажуваше за голготата,за масовното убивање и за тоа како биле протерани и однесени во логор,а биле третирани на најбрутален и трагичен начин.

Во јануари 1945 година воАушвиц бил евакуиран неговиот татко.Заедно со мнозинството затвореници ,биле испратени на така наречениот ,,Марш на смртта,, долг 50 километри на студено време под нулата,а биле облечени во тенка облека.Пред да биде однесен во Аушвиц неговиот татко бил принуден своето палто да му го подари на битолчанец,бидејќи им било забрането да носат топла облека.Полека ја привршуваше оваа болна вистина.Палтото на неговиот татко е сочувано и однесено во меморијалниот центар на холакаустот на Евреите.Тоа палто ги топли сите души, кој биле жртви на холакаустот.За да не се заборават тие жртви и за да не бидат убиени по втор пат.Ме замоли никогаш да не дозволам да бидам нечија жртва,па дури и на студот. Автобусот застана,а тоа беше неговата станица.Човекот ме погледна во очи и ми ја кажа последната реченица:”Светот никогаш не смее да молчи кога страдаат луѓе.”

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Родители бараат да не се плаќа резервацијата на местата во градинките

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!