• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Трибина „Здраво срце-предизвик на современиот свет“ по повод Светскиот ден на срцето

На трибината предавање одржа доктор Горан Манојлоски, интервентен кардиолог. Организатор на трибината беше Унијата на жени при ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово.

29/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По повод Светскиот ден на срцето 29 септември вчера се одржа трибина со наслов „Здраво срце-предизвик на современиот свет“ на кое предавање одржа доктор Горан Манојлоски, интервентен кардиолог. Организатор на трибината беше Унијата на жени при ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово.

-Акутен инфаркт на миокрад е познато срцево заболување кај голем дел од населението. Зборувавме за терапевтски пристап, начин на делување и можностите кои ги нудат здравствените капацитети во нашиот град. Се осврнавме на повеќе детали од етиологија па до генеза, дијагноза, диференцијална дијагноза и начина ракција при појава на ова заболување кое е причинител на голем број смртни случаи, истакна тетовскиот кардиолог.

Најчести симптоми за инфаркт се градна болка, загуба на здив, болка која се јавува во средина на градите, болка која пропагира кон грлото, кон двете рамења, кон лактите, нагло губење на сила, тешко дишење, губење на свест, повраќање итн.

-Најбитно е веднаш да се реагира доколку се препознае дека се работи за срцево заболување, пациентот веднаш да се трансферира до најблиска болничка установа да прими соодветна помош. По дијагностицирањето на на заболувањето се одредува каков терапевтски пристап ќе се преземе дали ќе се прави коронарна интервенција односно доколку има потреба да се имплантира стент, доколку има потреба од итен бај-пас или доколку има потреба доколку налага ситуацијата да се оди на конзервативно лечење, рече Манојлоски.

Во моментот во Македонија се работи на регистар на кардиоваскуларни заболувања каде ќе има  соодветни статистички податоци за тоа колку случаи на инфаркти се бележат кај населението.

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Тетовските пожарникари отстранија стебла заглавени на браните на реката Пена

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!