По повод 16 дена активизам женски за борба против насилство врз жените и девојчињата Форумот на жени на СДСМ Тетово вечерва организира трибина на тема „Нема оправдување за насилството врз жените и девојчињата.
-Целта на оваа трибина е жените кои трпат насилство да ги охрабриме да можат смостојно да живеат да се тргнат од насилството за да можат да живеат во нормална средина, изјави Татјана Лалчевска.
Предавање пред присутните одржа Марија Исаевска Ристовска социјален работник од Центар за социјални грижи која работи во областа на насилство врз жени.