• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Трибина : Семејно насилство над жените и насилство кај младите

03/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Унијата на жени при општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово со пригодна трибина се вклучи во 16 дневен активизам за борба против насилството од 25 ноември до 10 декември.  Трибината со наслов „Семејно насилство над жените и насилство кај младите“, ја одржа предавачот Емилија Ѓурчиноска, дипломиран психолог.

Таа даде осврт на развојните процеси на личноста во процесот на формирање на насилното однесување. Беа разгледани одделно и факторите на социјализација, како семејството, училиштето,општествените институции и медиумите, со потенцирање на опасноста од социјалните медиуми каде се развива и сајбербулингот.

„Физичкото насилство има последица за развојот на личноста, но многу подлабоки последици и трауми остава психичкото, емоционалното насилство.Наставниците потребно е да бидат во состојба да ги препознаат и невротските симптоми како последица на врсничко или семејно насилство, како гризење нокти, скубење коса, цицање палец или потполна повлеченост и некомуницирање на детето-жртва.Поразителен е фактот што во Македонија,8 од 10 родители известуваат дека користат физичко насилство во воспитувањето на своите деца, како дисциплинска мерка, истакна психилогот.

Ѓурчиноска за семејното насилство врз жените потенцира дека е важно жртвите да бидат истрајни во намерата да се спасат од проблемот.

„Во однос на семејното насилство над жените, важно е да се напомене дка жените треба да донесат одлука за излегување од зоната на молчењето, да веруваат во себе и да донесат одлука за ставање крај на таа заедница и крај на трауматските искуства.Често пати, не пријавуваат плашејчи се за животот на своите деца, својот живот, губење на старателството, а и се финансиски зависни.Потребно е да побараат помош и да го отттргнат чувството на вина, кое им е наметнато од насилникот, односно мажот“, рече Емилија Ѓурчиноска.

Трибини по повод 16 дневниот аквтивизам се спроведуваат на ниво на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во сите градови во Македонија.

 

Тагови: ок вмро дпмнесемејно насилствотрибинаунија на жени

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Пристапни рампи но и поголема прифатливост е потребна за лицата со посебни потреби

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.