• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Триесет и пет лица на суд за користење дрога во првите два месеци од 2020 година

Заради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства 35 лица од тетовско и гостиварско ќе се соочат со кривична одговорност пред судот, откако полицијата ги открила со дрога во првите два месеци од 2020 година. Од нив 14 се од тетовско, а 21 од гостиварско.

13/03/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Заради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства 35 лица од тетовско и гостиварско ќе се соочат со кривична одговорност пред судот, откако полицијата ги открила со дрога во првите два месеци од 2020 година. Од нив 14 се од тетовско, а 21 од гостиварско.

-За овие лица СВР Тетово изготви вкупно  26 поднесоци, односно кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори. Од нив 11 се на тетовското подрачје, а 15 на гостиварско. Најчесто откриени наркотични средства се марихуана и кокаин, а во помали количини хероин, хашиш и амфитамини. Наркотичните средства најмногу се откривани при преглед на возила и лица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Само во февруари 41 лице биле приведени во редовни контролни активности за откривање дрога на тетовското подрачје. Во гостиварско  поради сомнение дека сториле кривично дело по член 215 вкупно биле лишени од слобода 14 лица, од кои 13 возрасни и 1 мaлолетник.

А.С

Поврзани објави

Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Следна објава

Се менуваат оштетените заштитни одбојници на тетовската обиколница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.